Засилениот тим на Кугларскиот тим „Вардар“ вчера ги „запали моторите“ за новата сезона, со старот на првиот тренинг од летните подготовки кој се одржа во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје каде ние ги играме домашните мечеви. Вардарци значајно се засилија во текот на преодниот рок, покрај тоа одлучија во новата сезона да имаат два тима во МКЛ-Македонската кугларска лига.