Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар започнува од Чегране
Вардар започнува од Чегране

Вардар започнува од Чегране

Стартот на сега веќе едната Втора лига започнува овој викенд. ФК Вардар одново е главен фаворит и се освен враќање во Првата лига ќе значи катастрофа по нашиот тим.

Патот на Вардар до Прва лига започнува од едно ,,жешко” гостување и тоа во селото Чегране кај екипата на ФК Арсими. Арсими е нов второлигаш, откако минатата сезона се натпреваруваше во третата по ранг лига на Македонија.

Се освен сигурна победа на Вардар ќе значи големо изненадување. Дуелот на Арсими и Вардар треба да се одигра во сабота во Чегране со почеток од 17-30 часот.

Вардар во овој летен преоден рок се засили со неколку квалитетни имиња, а планира да донесе уште еден напаѓач покрај Вецевски, за кои напишавме, а се чека само официјална потврда од Вардар.