Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Кугларите на Вардар утре на мегдан со “фенерџијата“ КК Македонија

Кугларите на Вардар утре на мегдан со “фенерџијата“ КК Македонија

44

Продолжуваат возбудувањата во Македонската кугларска лига за нашиот Вардар , момците по победата во минатото коло со КК ГТЦ веќе утре играт следен меч во рамките на 12 коло од лигата. Во минатото коло со брилијантен екипниот резултат од 3584 “дрва “ нашите момци ја демонстрира извонредната форма на екипата , и ја покажаа моќта и желбата веќе во следната сезона да му ја одземе титулата на актуелниот шампион КК Макпетрол.

Момците од  Вардар утре на мегдан ќе се најдат со “фенерџијата“ КК Македонија инаку единствен тим без бодови во лигата . КК Македонија е воедно и единствен тим составен од девојки кој бидејќи нема организирано во земјава женска кугларска лига се натпреварува во лигата на “посилниот пол“ . Очекуваме повторна сигурна победа особено ако се спомене дека на минатиот меч   носители на победата беа двајцата извонредни и  злато вредни, вардарови играчи Бојан Влаќевски (633) и Димитар Димитровски (647). Кугларите овој меч ќе го играат на “гости“ во С.Ц.Борис Трајковски т.е. истата куглана каде ги одигруваат својте домашни натпревари .

Мечот е закажан за утре 2ри Април со почеток во 19-00 Часот во Кугланата на Спортскиот Ценар Борис Трајковски- Скопје .