Жрк Вардар продолжува со својот фан караван и дружењето со фановите на црвено-црните девојки. По првото дружење во Сити мол пред фан шопот на Вардар кој се наоѓа во склопот на Спортскиот Центар Јане Сандански дел од ракометарките на Вардар продаваа билети за натпреварот со Ѓер моменталниот Шампин во Лигата на ракометни шампионики и следен противник на девојките .
За сите кој купија билети за мечот со Ѓер имаа можност да добијат 30 % попуст на новата колекција на спортски производи во фан шопот на Вардар . Но имаше и други изненадувања за присутните фанови гратис производи од спонзорите на Вардар т.е. “Цевитана” и „Деспина” брендовите на Витаминка. На настанот беше промовиран и спотот за бисквитите “Деспина” – во кој главна улога имат девојките од Вардар.
Натпреварот помеѓу нашиот ЖРК Вардар и шампионот на Европа Ѓер во С.Ц Јане Сандански е закажан за 4ти Април во 19 часот .