Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Фан караван на Вардарки во Сити Мол
Фан караван на Вардарки во Сити Мол

Фан караван на Вардарки во Сити Мол

Денеска во Сити Мол беше организиран караван на Жрк Вардар, по повод првиот четврт-финален натпревар против актуелниот европски првак, екипата на Ѓер. Под мотото “купи карта доби гратис“ многу навивачи имаа можност во живо да се запознаат со своите миленички. На првиот организиран караван беа присутни: Татјана Хмирова, Сираба Дембеле, Јованка Радичевиќ, Алена Ихнева, Андреа Пенезиќ и Андреја Кликовац, кои се фотографираа со своите фанови. Им доделуваа автограм и еден мал сувенир како сеќавање. Поради присутноста на голем број на фанови, ракометарките останаа да се дружат со нив малку подолго од предвиденото.

Вториот фан караван ќе се одржи во фан шопот на Вардар во С.Ц. Јане Сандански, каде фановите ќе можат да си купат влезница и да добијат попуст од 30% на новата колекција за време на следниот викенд.

Првиот 1/4 дуел против Ѓер ќе се одигра на 4-ти април во Јане Сандански. Дојдете сите да ги бодриме девојките кон патот на Ф4 во Будимпешта.