На вчерашниот ден се навршува точно една година од спектаклот на Комити приреден на ракометарите на Вардар по историската победа над Хамбург на Аеродромот Александар Македонски . Вардар лани како 4то пласиран имаше лоша среќа да во 1/8Финалето од лигата на европските ракометни шампиони се сретне со германскиот ракометен гигант. По мечот во Скопје и нерешениот исход слободно може да кажеме дека отпишани заминаа момците за Германија . Но се случи чудо кое одекна во Ракометна Европа црвено-црниот тим од Скопје го елиминираше големиот Бундеслигаш на гости . Во Скопје се осеќаше славје во воздухот, најверните навивачи на Вардар популарните Комити на аеродромот и во салата Кале приредија незаборавен пречек за момците . ВИДЕО >>>
