Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање : Убедлива победа за Вардар со КК ГТЦ и осигурување на втората позиција
Куглање : Убедлива победа за Вардар со КК ГТЦ  и осигурување  на втората позиција

Куглање : Убедлива победа за Вардар со КК ГТЦ и осигурување на втората позиција

КК Вардар повторно ја покажа својата моќ и квалитет во натпревар каде тоа беше неопходно. Со подобрување на екипниот рекорд поставен во минатото коло, Вардарци доминираа на натпреварот против КК ГТЦ за нова победа од 6-2 и заверување на вицешампионското место во Македонската кугларска лига.

Екипниот резултат од 3584 ја демонстрира извонредната форма на екипата која следната сезона планира да му ја одземе титулата на актуелниот шампион КК Макпетрол. Повторно носители на победата беа двајцата, злато вредни, вардарови играчи Бојан Влаќевски (633) и Димитар Димитровски (647). Нивните резултати се тешко достижни за било кој друг играч од светски ранг и припаѓаат на кугларската светска елита. Заедно со останатите квалитетни соиграчи и искусниот тренер Драги Димитровски, КК Вардар најавува доминација во македонското куглање во блиска иднина. КК ГТЦ беше достоен противник, прикажа добра игра и достојно парираше во повеќе од половина натпревар.

Но сепак мотивот за второто место во МКЛ не беше доволен за победа над поквалитетниот противник, екипата на Вардар. Конечен резултат КК Вардар – КК ГТЦ 6-2 (3584-3383) мечот се одигра во С.Ц Борис Трајковски.