Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Кугларите на Вардар пред нов предизвик за зачувување на втората позиција , утре на мегдан со КК ГТЦ

Кугларите на Вардар пред нов предизвик за зачувување на втората позиција , утре на мегдан со КК ГТЦ

vardarfans logo kuglanjeКугларскиот Клуб  Вардар е пред нов предизвик во утрешното 11 коло на МКЛ , каде ќе си ги одмери силите со уште еден аспирант за вицешампионското место , екипата на КК ГТЦ. Меч во кој нашите куглари ќе се обидат да се зацврстат на втората позиција на табелата во Македонската кугларска лига.

Ова најверојатно ќе биде последен сериозен тест за црвено-црните кој доколку биде успешно минат, ќе може веќе да биде прославувана вицешампионската титула уште во првата сезона од своето постоење. Се очекува тврд и незвесен натпревар , базирајќи се на високиот играчки квалитет на двете екипи. Вардарци се фаворити на хартија поради силната моментална форма која ја покажаа во претходниот дуел со Работнички дополнета со предноста на домашниот терен односно куглана. Колку за потсетување, првиот дуел помеѓу овие две екипи во есенскиот дел во кугланата Мусандра заврши нерешено 4-4 после многу борба, пресврти и незизвесност. Токму тој дуел додава дополнителна тежина и значај на утрешниот натпревар.

КК Вардар – КК ГТЦ , Сабота 28.Март . 2015. Мечот ќе се одржи во куглана при СЦ Борис Трајковски , старт 11.00 часот