Полуфиналниот меч во Веспрем Арената помеѓу нашиот РК Вардар и тимот на Мешков Брест е закажан со почеток во 17 часот и 45 минути , истиот ќе можете да го проследите во директен пренос на првиот канал на Македонската радио и телевизија .
Вардар има одлични резултати во досегашните три сезони на СЕХА Регионалната лига во првите три сезони беше во сите финалист , а двапати се закити со одличјето првак на регионалната лига. Нашите ракометари вчера пристигнаа во Веспрем каде и го одржаа еден тренинг пред денешниот дуел .Нашиот тим денес во меч од полуфиналето ќе се сретне со тимот на Мешков Брест во обид да стигне во четвртото едноподруго финале . Во евентуалното финале на турнирот Вардарци ќе го очекуват победникот од дуелот помеѓу домаќинот Веспрем и тимот предводен од тренерот Вујовиќ Загреб кој има освоено една СЕХА титула .
Мешков во последниве сезони многу вложува во својот играчки кадар. Оваа екипа е составена од многу Белоруски репрезентативци, заедно со неколку странски интернационалци. Најголеми звучни имиња се Србските репрезентативци Манојловиќ и Стојковиќ. Хрватската колонија ја предводи тренерот, сега веќе и селектор на Хрватската репрезентација-Жељко Бабиќ, потоа Вукиќ како и голманот Пешиќ. Вардар е хендикипиран со отсуството на Дибиров , Брумен и Абутовиќ , но и без нив квалитетот е на страната на црвено-црните момчиња .
фото: rkvardar.mk