Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар пристигна во Унгарија
Рк Вардар пристигна во Унгарија

Рк Вардар пристигна во Унгарија

Вардаровата експедиција напладне пристигна во Веспрем, каде утре ќе го одиграат полуфиналниот дуел во Сеха-лигата против екипата на Брест Мешков. Противник кој нас ни е е добро познат. Минатата сезона, црвено-црните токму во големото финале на ова натпреварување ја совладаа оваа екипа.

Мешков во последниве сезони многу вложува во својот играчки кадар. Оваа екипа е составена од многу Белоруски репрезентативци, заедно со неколку странски интернационалци. Најголеми звучни имиња се Србските репрезентативци Манојловиќ и Стојковиќ. Хрватската колонија ја предводи тренерот, сега веќе и селектор на Хрватската репрезентација-Жељко Бабиќ, потоа Вукиќ како и голманот Пешиќ. Најголем хендикеп за Белорускиот тим е неиграњето на својот организатор на играта Давид Шпилер за кого оваа сезона е веќе завршена. Во регуларниот дел завршија на третото место со вкупно 13 победи и 5 порази. Најголемо внимание ќе посвети братскиот дуел на Игор и Иван Карачиќ.

Вечерва Вардар го одржа својот прв тренинг во Веспрем Арената, каде утре со почеток од 17:45 ќе го одигра мечот со Мешков. Пренос можете да проследите на МРТ-1. Да се напомене дека црвено-црните ќе бидат осетно ослабени со неиграњето на Дибиров, Абутовиќ и Брумен.

Фото: Рквардар мк.