Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЛЕГЕНДАТА Вујо го посети Столе и останатите ракометари на тренингот во Веспрем
ЛЕГЕНДАТА Вујо го посети Столе и останатите ракометари на тренингот во Веспрем

ЛЕГЕНДАТА Вујо го посети Столе и останатите ракометари на тренингот во Веспрем

Љубовта помеѓу Вујо и Вардар е вечна и таа се уште трае , свежи се сеќавањата на спектакалот од Кале кога Вујовиќ гостуваше со Загреб во рамки на меч од СЕХА Регионалната лига на последниот официјален меч кој го одиграа црвено-црните во кале пред да преминат во С.Ц Јане Сандански .

На вчерашниот тренинг кој се одржа во Веспрем Арената на  по половина терен се најдоа поранешниот и сегашниот тим на Вујо . Таа можност тренерската легендата на РК Вардар ја искористи за да ги посети старите познаници Столе , Немања и останатите . На стариот познаник славеникот Прибак Вујо му го честиташе роденденот , со Стоилов стандардно се размениле неколку шеги типични за за двете Вардарови икони . Загреб можно е доколку изненади со домаќинот Веспрем да биде наш противник во финалето на СЕХА Лигата . Времето минува , но љубовта и блискоста на Вујо , Вардар и Комити ништо нема да ја   намали .

ЕДЕН Е ВУЈО, ЕДЕН Е ВАРДАР !

фото: rkvardar.mk