Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре на тест со Раднички Ниш
Утре на тест со Раднички Ниш

Утре на тест со Раднички Ниш

Утре нашата екипа ќе одигра пријателски натпревар против Раднички на стадионот Чаир во Ниш.
Ова ќе биде втор пријателски натпревар на овие два суперлигаши во изминатите две сезони.

Вардарци веќе се во Ниш и се подготвуваат за овој тест меч, кој добро ќе им дојде со оглед на фактот дека оваа недела обврски имаат само оние играчи кој се повикани за своите репрезентации.

Во тимот ќе недостасуваат репрезентативците на Македонија, и Ерменија, исто така и повредените играчи, кој од поодамна не се во коомбинација.

По подолга пауза со екипата во Ниш е Дарко Глишиќ, нашиот играч полека полека се враќа од тешката повреда заработена уште минатата година. 

Натпреварот започнува во 14 часот.

Фото: fkvardar.mk