Вардар не успеа во намерата да обезбеди четврто по ред финале во исто толку сезони во сеха натпреварувањето. На прескоференцијата после мечот со Мешков нашиот тренер ги потенцираше главните причини за поразот.
- Прво да им честитам на Мешков за победата и пласманот во финалето. Тие беа пдообар противник денеска. Ние не игравме онака како што се очекуваше во одбраната. Имавме и лоша организација во нападот, изјави Раул Гонзалес.
- Екипата на Мешков заслужено победи, и сакам само да им посакам среќа во финалето, изјави Страхиња Милиќ.
Капитенот Филип Лазаров со свое видување за полуфиналниот натпревар.
-Екипата на Брест Мешков повеќе ја посакуваше победата, тоа беше очигледно на теренот. На нас ни недостасуваше мотивација, бевме многу анемични. Не дека не сакавме да го добиеме овој натпревар, ова не ни е прв пат да ни се случи вакво нешто. Мора да ги исправиме овие работи, бидејќи цела сезона ја игравме оваа лига и сега на најбитниот натпревар изигравме толку лошо. Чиста наша грешка, воопшто не ја намалувам победата на Мешков. Тие одиграа еден одличен натпревар и заслужено се пласираа во финалето, изјави Филип Лазаров.