Избраниците на Драги Димитровски, кугаларите на Вардар вчера ја забележаа првата победа во новата сезона во рамки на 2.коло од Македонската кугларска лига. На домашен терен во кугларницата “Мусандра“ во ГТЦ ја пречекавме екипата на 18-ти Август и високо ја совладавме со резултат 7-1.
По првиот пар резултатот беше 1-1, за нас поенираше Дарко Димитровски кој собори 542 “дрва„. Влатко Сојановски го изгуби единствениот поен на оваа средба тој имаше ефект од 497 на овој меч. По вториот пар работата дојде на свое место ние поведовме со 3-1. За нас поени во дуелите со ривалите остварија Т.Тодоровски (527) и Маријан Згонц (485). Во последните дуели “печат“ на победата со два нови поена за нас ставија Коста Ристевски (566) кој имаше најдобар скор од црвено-црните вчера и Бранко Митиќ (487). Вардаровиот тим освен што победи на поени 7-1, имаше 3104 “дрва“ односно дури 214 повеќе од противникот. Во сетови резултатот беше 19,5-4,5 во наша корист.