Friday ,22 March 2019
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. 2004 и 2005 против Шкендија во Тетово го стартуваат пролетниот дел во регионалната-скопска лига
Вардаровите генер. 2004 и 2005 против Шкендија во Тетово го стартуваат пролетниот дел во регионалната-скопска лига

Вардаровите генер. 2004 и 2005 против Шкендија во Тетово го стартуваат пролетниот дел во регионалната-скопска лига

Во сабота старт на пролетниот дел во регионалната – скопска лига ќе означат и генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година. Тие гостуваат во Тетово, на екипата на Шкендија.

Генерацијата на ФК Вардар родени 2004 година се наоѓаат на второто место на табелата, со еден бод помалку од тимот на Работнички, но и натпревар помалку за одигрување од романтичарите, кои славеа минимално во првото пролетно коло против екипата на Кул и на тој начн го превзедоа врвот. Вардар го доби првиот меч одигран на домашен терен, во есенскиот дел, со резултат 3:1. Гуџуфи постигна два гола, додека еден беше дело на Серафимов. Шкендија се наоѓа на 4.место на табелата со 18 освоени бодови, или четири помалку од вардарци.

Генерацијата 2005 на ФК Вардар заврши како есенски шампион со максимални 30 освоени бодови. Утрешниот меч во Тетово ќе биде деби на клупата за Зоран Петковски, кој го замени Сашо Јанев кој го напушти клубот. Вардар славеше убедливо на првиот меч против екипата на Шкендија, која ја совладаа со високи 5:0. Нашиот утрешен противник се наоѓа на средината на табелата и има освоено 16 бодови.

Натпреварите во сабота ќе стартуваат во термините од 13:30 и 15:00 часот.