Денес во ѐБитола во рамки на 17.коло од женската Супер лига екипата на Вардар гостуваше кај ЖРК Пелистер. Во еден темпераментен и борбен дуел до победата дојде домашниот тим со резултат 25-22.
Првиот дел започна со реми 2-2, потоа ние се одлепивме на два гола предност 2-4. Истата ја одржувавме се до средината од првиот дел, кога зелено белите успеаа да ја вратат резултатската симетрија изедачувајќи на 7-7. Од тука па се до 6-7.минути до пред крајот се играше рамноправно двата тима постигнаа по четири гола во противничката мрежа за резултат,11-11. Во финишот на првиот дел домаќинот беше присебен и успеа да на еден наш гол одговори со три, за да замина на одмор со два гола предност односно со резултат 14-12.
Вториот дел започна со по едне гол на двете страни за почетни 15-13, ние постојано се обидувавме да стигнеме, но проитвникот ја чуваше својта предност од два гола. Се играше борбен дуел со многу цврста игра, дуели и борба на двете страни. Во последнната треттина од мечот влеговме со негатива како на полувремето од два погодока, односно со резулта 21-19. Пробавме во последните минути да стигнеме, но неуспеавме па бевме поразени со три гол предност. Зелено белиот тим дојде до победа со резултат 25-22.
Вардар: Трајкоска, Ѓорѓиевска1, Божиновска, Џатевска 1, Ангеловска 1, Тепевска 4, Илиќ 17 одб, Гроздановска 1, Костивиќ 2, Диневска 2, Миновска , Седлоска 6, Петковска, Стефановска, Дамјановска 1 и Николиќ 3.
Тренери: Симовски и Царчев