Пред почетокот на сениорскиот дуел помеѓу Вардар и шампионот КК Макпетрол своја средба имаа двата јуниорски тима. За разлика од сениорите каде “пумпашите“ се фаворити и често триумфираат над нас кај јуниорите стандардно нашите надежи доминираат над младите макпетролци.
На дуелот одигран во кугларницата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“- Скопје пулените на Драги Димитровски триумфираа со максимални 4-0 над “сино-жолтиот“ ривал. Двајцата вардарци одиграа одлично и забележаа победи со 2-0 во сетови над противничките играчи. Интересно е што и Љупчо Митиќ и Мартин Митиќ имаа исти скор на овој дуел, тие триумфираа со 2-0 и соборија по 264 “дрва“ двајцата. Вардар има одлична јуниорска екипа од која со многу работа може во иднина да се “регрутира“ и добри сениори за настап во Македонската кугларска лига, особено Љубчо Митиќ е на чекор од промоција.
*Кај сениорите Макпетрол победи со резултат 2-6 (13-11, 3294 – 3376), извештај од дуелот може да се погледне на нашиот сајт-овде.