Вардар со нерешен резултат и победа го започна вториот дел од сезоната во СЕХА-лигата. Црвено-црните ги поделија бодовите во дуелот со Брест Мешков (25:25), додека триумфираа на гостувањето во Словачка, против екипата на Татран Прешов (22:30). Најефикасен на двата натпревари беше крилото Тимур Дибиров, кој постигна осум односно девет голови. Токму овие бројки го искачија на високото четврто место на листата на најдобри стрелци во СЕХА-лигата. Дибиров има вкупно 55 голови, или само три помалку од третопласираниот Јакуб Хрстка. Првото место убедливо му припаѓа на Бруно Буторац од Татран Прешов, кој има 80 погодоци, додека второто место е за Халиј Јаганац од Металург, со вкупно 71 постигнат гол.
Во ТОП-30 листата на најефикасни играчи се наоѓаат Вуко Борозан и Даинис Кристопанс, кои имаат по 35 постигнати голови.