Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Стојановски, Павлески, Јаневски, Гуџуфи и Силјановски од Вардар, ќе дебитираат за фудбалската репрезентација до 14 години, на контролните мечеви со Турција
Стојановски, Павлески, Јаневски, Гуџуфи и Силјановски од Вардар, ќе дебитираат за фудбалската репрезентација до 14 години, на контролните мечеви со Турција

Стојановски, Павлески, Јаневски, Гуџуфи и Силјановски од Вардар, ќе дебитираат за фудбалската репрезентација до 14 години, на контролните мечеви со Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во периодот од 12-16-ти февруари ќе одигра два контролни натпревари, против соодветната селекција на Турција. Селекторот на оваа младинска репрезентација, Неџат Шабани за овие пријателски мечеви повика и пет играчи од Вардар. Се работи за Георг Стојановски, Никола Павлески, Игор Јаневски Бесар Гуџуфи  и голманот Томи Силјановски.

Георг Стојановски е класичен шпиц играч и само за потсетување минатата сезона беше најдобар стрелец во младинските категории на ФК Вардар, со вкупно 81 постигнат гол кој ги имаше на настапите во детската лига, каде неговата генерација успеа да стане шампион на Македонија. Никола Павлески игра на позицијата десен бек и е стандарден во составот кој го предводи Игор Кралевски, на натпреварите од регионалната-скопска лига, односно Павлески беше стартер на сите мечеви на Вардар во ова натпреварување. Одбраната на Вардаровата генерација “2004“ не може да се замисли без Игор Јаневски, кој исто така беше стартер на сите натпревари на оваа генерација во регионалната лига. Бесар Гуџуфи игра во нападот, играч кој во есенскиот дел од минатата сезона ја засили оваа генерација на Вардар.  Новиот голман на оваа генерација на Вардар, Томи Силјановски исто така е во составот на репрезентацијата. Се работи за засилување, кое веќе шест месеци тренира во Вардар под водство на Слободан Мутибариќ, а е регистриран од јануари оваа година, со право на настапи за Вардар. Тој дојде од екипата на ЛГ од Битола. Томи веќе беше дел од академијата на ФФМ и генерацијата 2004, а добива шанса на контролните мечеви во Турција, поради отсуството на поранешниот голман на Вардар, сега дел од Академијата на ФФМ, се работи за Стефан Тасев.