Од понеделникот “ВИП“ арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ е домот на кошаркарската репрезентација во женска сениорска конкуренција. Сениорките ќе се подготвуваат за натпреварите од вториот прозорец во рамки на евроквалификациите. Првиот натпревар го играме на домашен терен, в сабота (10. февруари) со почеток во 20:45 додека вториот ќе го одиграме на гостински терен, на 14. февруари против Италија.
Со селекцијата тренират и дел од неа се три двојки од црвено-црниот кошаркарски колектив. Станува збор за Едина Муса, Јована Петрушевска и Кристина Јаневска кои се дел од црвено-жолтитот скратен состав. На поширокиот состав се најде и вардарката Ивона Пејковска која за жал повредата не и дава можност да помогне на колешките за овие два дуела.