Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Синани: Уче денеска требаше да пристигне во Скопје но му недостасуваа некој документи за работната виза
Синани: Уче денеска требаше да пристигне во Скопје но му недостасуваа некој документи за работната виза

Синани: Уче денеска требаше да пристигне во Скопје но му недостасуваа некој документи за работната виза

До редакцијата на Вардар Фанс се обрати менаџерот на Уче Нвфор, Насер Синани, кој вели дека договор на релација играч Вардар има, само се јавиле некој проблеми во работната виза на Уче по што требало Вардар да почека некој ден (два) за оваа работа да се среди и играчот да дојде во Скопје.

“Уче денеска требаше да пристигне во Скопје но му недостасуваа некој документи за работната виза. Јас вчера разговарав со Уче, он сака да дојде во Вардар, само треба да извади некој документи кои му фалат за да може да дојде во Скопје. Уче во Вардар може да дојде во петок, но, од Вардар ми велат дека мора денеска да пристигне во Скопје па затоа и работата се комплицира ” – рече Синани.

Исто така тој додава дека Уче бил понуден уште во Анталија, но, Вардар се одлучил да ги тестира Харуна и Охеда.

“Јас го понудив играчот уште кога беа во Анталија, прво сакаа да оди во Турција но потоа бидејќи беа таму двајца други интернационалци и котата се пополни не дојде до тоа. 

За крај менаџерот додава:

“Јас сум бил играч на Вардар и овој тим го носам во срцето и сакам да направи силен тим. Во текот на денот ќе остварам средба со луѓето од Вардар па ќе видиме што ќе испадне, штета ако се испушти еден ваков голгетер” , изјави Насер Синани за Вардар Фанс.

Димитар Гогов