Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар есенскиот дел го заврши на делба на 2.позиција
Куглање: Вардар есенскиот дел го заврши на делба на 2.позиција

Куглање: Вардар есенскиот дел го заврши на делба на 2.позиција

Есенскиот дел од МКЛ е зад нас, во лигата која оваа сезона 2019/2020 брои осум тима се одиграа есенските седум кола. Сега  следува заслужена зимска пауза до почетокот на вториот дел од натпреварувањето закажано на 25.01.2020 година.

Драматично  е на табелата по овие седум есенски кола.  ГТЦ го доби дуелот против Пелистер со 7:1, Пелистер го победи Вардар со 6:2, а Вардар го победи ГТЦ со 6:2. Согласно пропозициите во случај на изедначен број поени, подобра екипа ќе биде онаа која има подобар скор во меѓусебниот дуел.  Сите три тима ја делат втората позиција со по 10.бода. Па напролет ќе биде жестока битка за местото зад лидерот, Макпетрол кој веќе ја „забетонира“ првата позиција со максимални 14.бода и чекори сигурно кон нова титула.

Ова се постигнатите резултати во есенскиот дел на Вардар:

1.коло ЖКК Пелистер-ВАРДАР 0-8

2.коло ВАРДАР-КК ГТЦ 6-2

3.коло Империал ТКС-ВАРДАР 3-5

4.коло ВАРДАР-Пелистер 2-6

5.коло Макпетрол-ВАРДАР 1-7

6.коло ЖКК ГТЦ-ВАРДАР 1-7

7.коло ВАРДАР-18 Август 7-1