Викнедов ќе се одигра првото коло од Вардар Јуниор лигата, што годинава по петти пат се организира стартува в сабота, 16 ноември, во СЦ „Јане Сандански”. Во организација на Ракометната академија Вардар и сезонава најмладите ракометари во Македонија ќе може да се приклучат на натпревари каде ќе играат против врсници, но ќе запознаат и деца од други краеви на државата
Традиционално Вардар Јуниор лигата и годинава ќе се игра во повеќе градови низ Македонија, од каде потекнуваат и дел од екипите кои учествуваат во натпреварите. Лигата се игра во текот на сезоната, со пауза за време на школскиот зимски распуст.
Редовните натпревари им овозможуваат на ракометарите во младите категории да добијат искуство, да го изградат карактерот и спортската етика како натпреварувачи, како и создавање на тимски дух. Досегашните учесници на лигата гледаа како на отскочната штица за продолжување во некоја од селекциите на Вардар каде доаѓаат да играат најдобрите. Дел успеаја во целта, а останатите продолжија во други клубови каде се градат како спортски личности, а со себе го понесоа искуството, доживувањата и другарствата. Децата се вклучуваат во спортот поради предизвикот, но со него се навикнуваат на поздрав начин на живот, помалку време поминуваат пред екраните и учат како покорисно да го поминат слободното време.
Во сабота натпреварите почнуваат во 8:40 часот во СЦ Јане Сандански. На распоредот се натпревари во генерациите 2008/09, 2006/07 и најмладите кои играат мини ракомет – децата родени 2010 и помлади
* Распоред на натпревари в сабота: saatnica_16.11.2019.pdf
Во недела, 17.11.2019, продолжуваме со натпревари во СЦ „Јане Сандански” од 8:30 часот. На распоредот се екипи од генерациите 2006/07 и 2008/09.
* Распоред на натпревари в недела: saatnica_17.11.2019.pdf
Следниот викенд продолжуваме со натпревари во Прилеп.