Иван Чупиќ ја игра својата четврта сезона во црвено-црниот дрес, клуб со кој успеа да освои и две Европски титули. Минатата сезона беше неговата најдобра во играчката кариера, откако успеа да постигне вкупно 76 голови, што никогаш не му успеало во екипите во кои претходно настапувал.
Оваа сезона, Чупиќ напрви „јубилеј“ во Вардар, десното крило ја помина бројката од 200 голови за црвено-црните во Лигата на Шампионите. Моментално, Чупиќ има постигнато 211 голови, а од неодамна има и нова улога во тимот, да игра како десен бек, во отсуство на Кристопанс кој ги пропушти претходните дуели, а нема да го гледаме ниту на гостувањето во Полска, па Чупиќ повторно ќе треба да ја пробива високата одбрана на противникот.