Овој викенд, поточно во сабота на 30-ти септември почнува новата сезона 2017/2018 со одгрување на мечевите во првото коло од Македонската кугларска лига-МКЛ. Вице-првакот на земјата, нашиот кугларски клуб Вардар во првото коло гостува кај екипата на КК ГТЦ Мусандра.
Саботниот дуел ќе се игра со почеток во 11-00 часот во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје на патеките 5-8. Лигата и покрај сите тегоби успеја да ги задржи сите шест екипи учесници и повторно ќе се игра трикружно и ќе има 15.кола како измнатата сезона. Вардарци годинава во нивната четврта година од кога фунционираат во лигата ќе бидат со релативно најслаб состав. Заминунањето на Донковски Младен по крајот на сезоната, а особено на претседателот Димитар Димитровски е причина за тоа. Сепак вардарци имаат две нови имиња, Влатко Гиевски кој го пропушти почетокот на подготовките и 8-мо септемврискиот турнир веќе е во погон. Покрај него ново име е и Тони Тодоровски кој ги одбработи почетокот на подготовките и вардаровиот турнир. Голем тoвар би требало сезонавада падне на Дарко Димитровски кој ќе мора да работи повеќе за себе и тимот бидејќи во него има квалитат, истиот го покажа на турнирот кога беше најдобар вардарец и се најде во топ-5 резултатите од сите учесници впишувајќи 609 “соборен дрва„.