ФК Вардар вчера го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Леркендал“ во Трондхајм. Момците одработија полесен тренинг пред натпреварот против Розенборг во рамките од второто коло од групната фаза од Лигата на Европа. Дуелот се игра денес со почеток во 19-00 часот и од истиот може да се гледа пренос на МТВ1.
