Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во тек е продажбата на билетите за дуелот со ППД Загреб, побрзајте билети се по 150 и 350 ден.
Во тек е продажбата на  билетите за дуелот со ППД Загреб, побрзајте билети  се по 150 и 350 ден.

Во тек е продажбата на билетите за дуелот со ППД Загреб, побрзајте билети се по 150 и 350 ден.

Европскиот шампион, тимот на Вардар ќе сака да ја продолжи серија без пораз во Лигата на шампионите. По победите над Висла и Нант, овој викенд доаѓа ред и на шампионот на Хрватска, тимот на ППД Загреб.

По повод овој дуел кој треба да се одигра престојниот викенд, од РК Вардар информираа дека билетите од понеделникот се пуштени во продажба билетите за дуелот од третото коло.

Цената на билетите за овој натпревар е:

Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари

Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.