Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар со дербито за “сребрената“ позиција против ГТЦ го отвара во 2.круг од МКЛ
Куглање: Вардар со дербито за “сребрената“ позиција против ГТЦ го отвара во 2.круг од МКЛ

Куглање: Вардар со дербито за “сребрената“ позиција против ГТЦ го отвара во 2.круг од МКЛ

Кугларите на Вардар веќе 5 дена се во активна подготовка за пролетниот дел од сезоната во Македонската кугларска лига. Тие веќе на втори јануари тргнаа со подготовките за првиот дуел во МКЛ кој е закажан за на 20-ти јануари, сабота. Во истиот во дербито за втората позиција играме со екипата на КК ГТЦ Мусандра од Скопје. Овој дуел е клучен бидејќи со победа во него ќе се одвоеиме на втората позиција од табелата што е и наша цел во лигата оваа сезона.

Познат е текот на  пролетниот дел,  односно распоредот за вториот круг во МКЛ. По одигрување на вториот дел распоредот на мечевите во последниот 3.круг ќе се одреди врз основа на местата на табелата по крајот на втората рунда. Распоредот за вториот, пролетен круг изгледа вака (фото).

kl