Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Заврши зимскиот преоден рок во МКЛ, Вардар го зачува целиот ростер
Куглање: Заврши зимскиот преоден рок во МКЛ, Вардар го зачува целиот ростер

Куглање: Заврши зимскиот преоден рок во МКЛ, Вардар го зачува целиот ростер

Како што извести на почетокот од оваа недела Кугларската федерација на Македонија, зимскиот (мини) преоден рок започна на  08.01.18г, и  траеше се до до петок, 12.01. 2018година. Во истиот црвено-црниот кугларски колектив, Вардар немаше промени во ростерот. Нашиот тим го задржа целиот ростер на играчи, а сметаше дека нема потреба за ангажирање на ново име пред пролетните натпревари во Македонската куларска лига (МКЛ) и Купот на земјата во куглање.

Кугларскиот клуб Вардар од почетокот на оваа година односно на само два дена од почнувањето на истата почна со подготовки за пролетниот дел. Истиот доаѓа доста брзо, односно веќе идната недела е првото пролетно коло во Македонската кугларска лига. Тимот вредно работи под полна пареа, а дополнителен квалитет им дава тоа што сега на тренинзите е присутен “кормиларот“ Драги Димитровски. Тој може да кажеме дека е најголемо засилување за нас зимово.  Кормиларот  на екипата по пауза поради здравствени причини кога не беше дел тимот повторно е тука.