Monday ,25 June 2018
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Завировски според АФМ има 6-ти најбрз резултат на 3.000м во 2017
Атлетика: Завировски според АФМ има  6-ти најбрз резултат на 3.000м во 2017

Атлетика: Завировски според АФМ има 6-ти најбрз резултат на 3.000м во 2017

Изминатава сезона еден резултат на нашиот атлетичар, Петре Завировски се најде меѓу најдобрите 10 во сезонава. Поточно резултатот 9:38 на 3.000 метри истрчан на 23 април, на митингот “Отварање на сезоната“ е 6-ти најбрз резултат сезонава во таа дисциплина.

petre-660x330-660x330

Инаку вреди да се напомене дека Завировски го има најдобриот резултат сезонава во Најк лигата во трчање. Неговите 17:00 истрчани на 5км на првата трка сезонава од таа лига на 18 Феврури воедно е најдобар за целата сезона. Се трчаа 16 трки. Низ оваа лига сезонава настапија 281 атлетичар меѓу кои звучни имиња од Македонската атлетика.