Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки вредно се подготвуваат цела недела за дуелите во ВРХЛ лига
Вардарки вредно се подготвуваат цела недела за  дуелите во ВРХЛ лига

Вардарки вредно се подготвуваат цела недела за дуелите во ВРХЛ лига

ЖРК Вардар на почетокот од неделата се собра и ги одржа првиот тренинг во новата календарска година. На првиот тренинг кој беше одржан на 8-ми, месецов   во СЦ. Јане Сандански присуствуваа сите играчи на ЖРК Вардар заедно со стручниот штаб. Девојките оваа недела ја минаа во сериозен пистап кон зададените задачи на тренерот Дибирова бидејќи за кратко ги очекува предизвик.

Нив за една седмица ќе чека првиот предизвик, настапот на третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига. Претходните два турнири ги завршивме со победи на сите натпревари,  клучно е што турнирот ќе ни даде шанса да се воиграме пред почетокот на Главната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите. На турнирот во Скопје од 19 до 21 јануари ќе играме со Будуќност и Крим. Потоа ќе имаме време уште една седмица пред да играме со Мец на првиот меч од Главната фаза од ЛШ.  Мечевите од регионалната ВРХЛ лига, се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”. На 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност, следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар.