Македонија успеа да направи подвиг на стартот на европското првенство и да ја совлада бронзената од последното СП, селекцијата на Словенија и да ги запише првите бодови на своето конто. Во најголем дел од првото полувреме, Словенија ја имаше предноста, за во финишот Македонија да постигне три последователни голови и да го израмни натпреврот. Серијата продолжи и во вториот дел, кога направивме 7:0 и во еден момент имавме и највисоки четири голови предност. Сепак како одминуваше времето, избраниците на Вујовиќ се вратија во игра, направија резултатски пресврт и имаа водство не поголемо од еден гол разлика. Во неизвесен финиш “четата“ на Раул Гонзалес се покажа како поборбена и поврста, која успеа да го сврти резултататот и на крајот да слави со резултат од 25:24. Капитенот на Вардар, Стоилов им создаваше големи проблеми на противничката одбрана, над кој беа направени голем број на исклучувања за Словенците. Столе по натпреварот истакна дека одбраната го решила натпреварот и дека се надева дека со победи ќе продолжиме и на следните мечеви на ЕП.
-Одбраната го реши нтпреварот, многу цврста игра на двете репрезентации. И ние и Словенија имавме свои моменти на добра игра, сепак на крајот ние победивме. Долго ја очекувавме оваа победа, во дуелите со Словенија. Не треба да летаме, одиме чекор по чекор. Првата задача ја исполнивме, се надевам дека така ќе продолжиме и на следните натпревари на Европското пвенство.