Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кањелас постигна три гола во победата на Шпанија, на првиот нивни меч на ЕП
Кањелас постигна три гола во победата на Шпанија, на првиот нивни меч на ЕП

Кањелас постигна три гола во победата на Шпанија, на првиот нивни меч на ЕП

Репрезентацијата на Шпанија за која настапува Жоан Кањелас стигна до првата победа на ЕП во Хрватска. Тие на воведниот меч ја совладаа селекцијата на Чешка со резултат 32:15.

Во текот на целиот натпревар, “фуријата“ имаше водство кое не дозволи да го испушти и на крајот славеше убедлив триумф. На стартот на натпреварот во три наврати имаа предност од два гола избраниците на Жорди Рибера (2:0, 4:2 и 5:3), за Чешка последен пат да биде најблизу до водството на Шпанија (5:4). Од тие моменти следи серија на Шпанија од четири последователни голови (9:4). Водството постојано се зголемуваше, кога при резултат од 11:7, со нова серија зголемија на 14:7. Оваа разлика ја одржаа до крајот на првите 30 минути, кога на одмор се замина со резултат од 16:9.

Во второто полувреме целосна доминација на Шпанија која го полнеше голот на Чешка, за разлика од противникот кој успеава да постигне само три голови по 21 минута игра, или резултатот во 51 минута беше 28:13 за Шпанија. На крајот убедлива победа за Шпанија полесно од очекувањата, со резултат од 32:15

Единствениот играч на Вардар во селекцијата на Шпанија, Жоан Кањелас успеа да постигне три голови.