Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Вардар настапи во финалето на Kупот на Македонија со 5 атлетичари
Вардар настапи во финалето на Kупот на Македонија со 5 атлетичари

Вардар настапи во финалето на Kупот на Македонија со 5 атлетичари

Атлетскиот клуб  Вардар зеде учество во финалето од Купот на Македонија на националната арена Филип Втори Македонски.

Во петок на 31 јули вардарци најпрво настапија на 1500 метри. Марко Ивановски истрча со време од 4 минути и 42 секунди додека Петре Завировски истрча со време од 5 минути и 6 секунди. Во штафетната трка 4х100 метри прв трчаше Дејан Петков, потоа Петре Завировски, па Марко Ивановски и последна замена беше Влатко Јакимовски со финиш од 59.16 секунди.

На трката на 5000.метри свој настап имаше Ивановски, тој оваа делница ја истрча за време од  18 минути и 3 секунди.