Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Заменик капитенот на ЖРК Вардар, Миновска, со одличен настап на Атлетскиот Куп на РМ
Заменик капитенот на ЖРК Вардар, Миновска,  со одличен настап на Атлетскиот Куп на РМ

Заменик капитенот на ЖРК Вардар, Миновска, со одличен настап на Атлетскиот Куп на РМ

Капитенот на македонската кадетска репрезентација, вардаровото крило Миновска Сара го искористи периодот на прекин на активностите во ракометот поради пандемијата за  настап во кралицата на спортовите, Атлетиката. Заменик капитенот на црвено-црните дами имаше забележителен настап на финалето од Купот на Република Македонија во Атлетика кој се одржа овој викенд на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Веќе некое време работам со Кристијан Кајчевски во неговата сала за “Спортски Перформанси”. Тука се спремаат спортисти буквално од сите спортови, се вежба експлозивност, снага, координација, кондиција се што му е потребно на еден спортист. Тука вежбаат и атлетичарите од АК Центар (атлетски клуб центар) предводен од селекторот на атлетска федерација на Македонија тренерот Кристијан Кајчевски.

s2

Одличен тренер, психолог и голем познавач на сите полиња во спортот. Според ракометната техника што ја поседувам Кајчевски сметаше дека можам да пробам некои дисциплини во атлетика. Настапив за младински клуб во дисциплините, фрлање ѓуле, скок во далечина и штафета, за сениорскиот Куп настапив во дисциплините 100 метри, штафета и скок во далечина. Сите овие дисциплини имаат елементи од ракометот, ова беше едно големо и убаво искуство за мене и прекрасна дружба со одличните атлетичари. Јас продолжувам со ракометот, тоj е мојот правец- вели Миновска.