Во малку поинакво издание за разлика од претходните години, се одвиваат подготовките за ракометниот клуб Вардар.
Пандемијата со корона вирусот го искомплицира и промени текот на настаните, не само за Вардар, туку и за сите останати Европски клубови. Ова лето, црвено-црните нема да заминат на главни подготовки, туку истите ќе се одвиваат во Скопје.
Нова вест е дека, дефинитивно е откажан меѓународниот турнир „Кањижа Куп“, кој требаше да се одигра во периодот од 21-23.август, на кој покрај Вардар свое учество пријавија и екипите на Пик Сегед и Нексе. Сепак истиот како што напоменавме е откажан.
Избраниците на Стевче Алушовски ќе останат да тренираат во Скопје, се до 12, август, кога треба да пристигнат во Струга и да се натпреваруваат на традиционалниот струшни турнир, кој оваа сезона ќе биде само со македонски екипи.
Се уште не е познато како ќе се одвиваат работите после овој турнир во Струга, кој треба да заврши на 16.август. Планирано беше на крајот на месец август, да се одигра и реванш мечот од 1/4 финалето во СЕХА, против екипата на Нексе, а на почетокот на месец септември да се одржи и завршниот турнир во Задар. Овие информации во следниот период треба поточно да се прецизираат, или веќе да стануваат официјални.