Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски одреди на кои играчи ќе смета во продолжение од подготовките и за претстојната сезона
Алушовски одреди на кои играчи ќе смета во продолжение од подготовките и за претстојната сезона

Алушовски одреди на кои играчи ќе смета во продолжение од подготовките и за претстојната сезона

Вардарци се подготвуваат во Скопје за новата натпреварувачка сезона, а тренерот Стевче Алушовски, одреди на кои играчи ќе смета во продолжение од подготовките и за претстојната натпреварувачка сезона. Некои од младите ракометари, како Карапалевски, Гашовски и Саврески ќе продолжат да тренираат со првиот тим, додека останатите ќе бидат прекомандувани во тимот на Работнички

Во сезоната 2020/2021 тимот на Вардар 1961 ќе го сочинуваат:

ГОЛМАНИ
Борко Ристовски
Робин Кантагрел
Марко Кизиќ

ПИВОТМЕНИ
Стојанче Стоилов
Глеб Калараш
Давид Гашоски
Патрик Валчак

КРИЛА
Димитар Димитриоски
Тимур Дибиров
Гоце Георгиевски
Иван Чупиќ

БЕКОВИ
Мартин Карапалевски
Кристијан Дисингер
Филип Талески
Анте Гаџа
Томислав Јагуриновски
Марко Вујин
Јосип Векиќ
Давид Савревски
Ловро Јотиќ
Марко Мишевски

Првиот предизвик за црвено-црните ќе биде турнирот во Струга, во периодот од 12-16.август, додека турнирот во Кањижа е откажан. Се разговара за одигрување на уште неколку конролни средби, со цел да се биде темпирана формата за 29 август кога во Скопје би требало да гостува Нексе, во рамките на реванш дуелот од 1/4 финалето на СЕХА-лигата.