Денес по голема пауза, уште од месец март кога започнаа рестрикциите поради Корона вирусот, се собра тимот на ЖРК Вардар на тренинг. По посебен протокол истиот беше реализиран на фудбалскиот терен до С.Ц „Јане Сандански“.
Целиот ростер беше на располагање заедно со двете најавени засилувања, Попова Јасмина и Михаела Стојановска. Денес деби во својот нов тим имаше и засилувањето од Металург, Цветковска Сања. станува збор за играч роден 2003 година. Во текот на утрешниот ден ќе ви донесеме повеќе фотографии од првиот тренинг на црвено-црните дами од овие летни подготовки.
Трите засилувања (фото)=>