Црвено-црниот кугларски колектив во сабота ќе треба да го мине вториот чекор кон одбраната на тронот во Купот на Република Македонија во овој спорт. Тие го минаа првиот “филтер“ оваа сабота кога во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар на квалификациите за Купот на кои учество земаа сите учесници во Македонската кугларска лига тие успеаа да обезбедат пласман во најдобрите четири екипи кои ќе играат полуфинале.
Во квалификациите од сите тимови кој настапиа најдобар скор екипно имаше нашиот Вардар, избраниците на Драги Димитровски имаа 3414 “соборени дрва“ со што покажаа дека се спремни за одбрана на “Круната“ во ова натпреварување. Во полуфиналните мечеви освен нас место обезбеди и другиот фаворит Макпетрол, а пласман понатака избориа и Хераклеа со која ќе вкрстиме во сабота и тимот на Кк ГТЦ Мусандра. Вардаровата доминација на квалификациите се покажа со тоа што имаа четири од шест најдобри постигнувања, нормално првите две места беа резервирани за дуото Димитровски-Влаќевски. Полуфиналето ќе има два дуели првин гостуваме, па во реваншот ќе бидеме домаќини на битолските куглари. Првиот меч е закажан за на 19-ти март во сабота со почеток во 10-00 во куглана при спортска сала “Младост“. Ние сме фаворити на овој меч, и според играчкиот кадар и според формата, а и резулатите оваа сезона го покажуваат истото во гости одигравме 2-6 за нас, а дома бевме убедливи со максимални 8-0.