Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Дерби меч за вардарци, гостува лидерот Охрид

Кошарка! Дерби меч за вардарци, гостува лидерот Охрид

derbi

 Во сабота на 19-ти март повторно актуелни се возбудувањата од втората македонска кошаркарска лига, каде на програмата се дуелите од 15-сетото коло. Во истото за нас следи големо дерби прво во низата кој не очекуваат во продолжението од сезоната. Ова е   шесто коло оваа полусезона за црвено-црниот кошаркарски колектив, и на истото  ќе атакуваме на шестата победа.

Вардарците се домаќини во ова коло, тие во  малата салата при Спортско рекреативниот центар “Кале“ ќе ја пречекаат екипата која е лидер во втората лига тимот на КК АВ Охрид. Дуелот со најдобрата екипа во досегашниот дел од првенството е закажан со почеток во 18-00 часот. Вардар кој е непоразен   оваа кошаркарска пролет првпат не влегува како фаворит во еден дуел оваа година. Ние сме второпласирана екипа во втората по квалитет кошаркарска конкуренција со 25 бода, а гостинот е првопласитан тим со 28 бода односно три победи повеќе од нас. Охриѓани досега не знаат за пораз оваа сезона и имаат 14 од 14. Во првиот меч тогаш  како гости бевме поразени  со тесен резулат 83-75, а на полувремето што е интересен факт црвено-црните заминаа тогаш со предност од шест коша односно 35-41. Видео од целиот прв меч ќе може доколку сакате да погледнете ТУКА. Ова е тежок меч за нашите момчиња се очекува помош и од навивачите на црвено-црните “Combat 87 Next Generation” кој на нивната ФБ-страница повикаа на поддршка кога е  како велат најтешко (види). Покрај овој дуел уште на програмата во ова 15.коло се и следните мечеви:

19.03.2016   Академија ФМП     Радовиш
19.03.2016   Тетекс     Пелистер
19.03.2016   Водњански Л.     Гостивар 2015
19.03.2016  Ангели Водњански Л.