Викендов продолжуваат возбудувањата од ракометната “Јуниор“ лига. Ние како медиум кој ги прати случувањата во лигата продолжуваме со промоција на учесниците во лигата. Денес ви ја преставуаме Ангела Насковска , таа има 14 години. Младата вардарка ракомет тренира од 12 годишна возраст, таа е член на вардаровата школа РК Кузман-Вардар. Ангела настапува на позицијата лев бек, нејзин спортски идол е ракометарката на Вардар Андреа Лекиќ. Таа како член на ова вардарова школа се натпреварува во “Јуниор“ лигата, која е голем проект на нашиот клуб кој ги опфаќа сите тимови кој се дел од големото црвено-црно ракометно семејство. Насковска за “Јуниор“ лигата и за својте настапи во неа вели:
За мене настапот на Јуниор лигата претставува огромна шанса за сите да го покажат тоа што го знаат, а исто така и да научат нешто ново и да напредуваат. Вардар Јуниор лигата е добро организирана и треба да продолжи да се одржува секоја година. Задоволна сум од својот личен успех секако и од успехот на мојот тим бидејќи добро одгравме на натпреварите од досегашните кола во Јуниор лигата, но секако секогаш може и подобро.
За атмосферата во нивната школа и значењето на тренерскиот двоец Кузмановска-Савов во развојот на младите вардарки таа вели :
Многу задоволна од соработката во нашиот клуб бидејќи сме многу сложни и на секој натпревар се трудиме да ги покажеме сите наши знаења и вештини и да го извлечеме максимумот од нас и секако да победиме на настапите во “Јуниор“ лигата. Но тоа не би можеле да го направиме без нашите тренери Александра Кузмановска и Александар Савов- изјави Ангела Насковска за нашиот сајт.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ