Престојниов викендов на програмата се квалификациските турнири за пласман на Олимпијадата во Рио , во женска конкуренција. Дури шест ракометарки на нашиот црвено-црн женски ракометен колектив ќе се обидат со своите национални репрезентации да обезбедат место за најголемиот спортски настап годинава во Бразил.
За три земји ќе настапат нашите деојки и тоа за: Франција, Црна Гора и Русија. Нема да има дуел помеѓу нашите девојки на турнирите , бидејќи тие ќе играат на три различни турнири. Повикани се следните ракометарки за репрезенацијата на Црна Гора: Јованка Радичевиќ, Андреа Кликовац, Итана Грбиќ, за француската селекција покани добиа : Амандин Лејно и Сираба Дембеле , а пак Олга Черноиваненко ќе биде единствената црвено-црна девојка во рускиот состав. Од турнирите во женска како и тие во машка првите две репрезентаци од групата ќе се пласираат на олимпискиот турнир.