Wednesday ,30 September 2020
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар лидер по регуларниот дел, започнува со предност 1-0 во плеј-офот против Работнички
ЖКК Вардар лидер по регуларниот дел, започнува со предност 1-0 во плеј-офот против Работнички

ЖКК Вардар лидер по регуларниот дел, започнува со предност 1-0 во плеј-офот против Работнички

Низ дваесет одиграни кола дамите во сениорска конкуренција ги одлучија четирите патници во плејоф разигрувањето за тековната натпреварувачка сезона. Вардар е лидер по овој дел од сезоната.

Вардар е сигурен на врвот на табелата со актуелниот шампион Бадел 1862 кој постојано му ’дише во врат’. И двата тима имаат по само еден пораз во тековната натпреварувачка сезона, од меѓусебните дуели. Првин баделки триумфираа со 13 поени предност (71-84) во рамки на дербито од осмото коло, а во наредното дерби од деветнаесеттото коло триумфираа вардарки со 14 поени предност (63-77). Поради подобра кош-разлика од меѓусебниот дуел Вардар е првопласиран на табелата додека Бадел 1862 е на втората позиција. Останатите два патника во полуфиналето од плејоф разигрувањето се тимовите на Струга 2009 и на Работнички кои освоија 35 односно 34 бода во регуларниот тек на сезоната.

Во полуфиналните средби, Вардар и Бадел 1862 ќе имаат предност на домашен терен како и 1-0 предност во однос на своите противници Работнички односно Струга 2009. Полуфиналето се игра во систем подобар од три натпревара (две победи) додека финалната серија ќе се игра во подобар од пет натпревара односно кој прв ќе запише три победи.

Натпреварите ќе започнат да се одигруваат по една седмица, на 15. мај 2019 година

74306420190507