Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор гостува кај РК Радовиш во “битката“ за 3.место на табелата во плеј-аутот
Вардар Јуниор гостува кај РК Радовиш во “битката“ за 3.место на табелата во плеј-аутот

Вардар Јуниор гостува кај РК Радовиш во “битката“ за 3.место на табелата во плеј-аутот

Вардар Јуниор игра одлично во плеј-аут сегментот па така успеа да се искачи на 3-та позиција зад најдоброрангираните пред почетокот на овој дел од натпреварувањето Охрид и Струга. Ние го минавме и тимот на РК Радовиш кај кој гостуваме во ова коло.

Дуелот од 7.коло во плеј-аутот се игра утре, четврток 9.мај со почеток во 18:30 часот во СРЦ 25 Мај. Судии на оваа средба се Ќаев Спаско и Ќаев Глигор од Скопје. Вардаровиот тим предводен од Стојан Петрушевски и Пепи Манасков го избегна местото кое води во баражот за опстанок што беше цел на овој млад сениорски тим пред почетокот на сезоната.