Паузата е добра прилека за пресек во кошаркарската лига М16, пред паузата во два дена младите кошаркари на Партизан Водно Санс запишаа две победи. За нови четири бода со кои само го зацврстија водството на табелата во М-16 лигата.
Во првиот меч, заостанат, од првото коло на „оролоџото“, славеа победа на гостински терен против Работнички (91:81). А само една вечер подоцна, беа подобри и од екипата на Феникс 2010, на свој терен победија со сигурни (75:64).
Мошне важна победа реализираа кадетите на Куманово 2009 кои го добија дуелот со МЗТ Скопје Аеродром (81:64), и стигнаа до второто место во вкупниот поредок во оваа М-16 конкуренција.
Минимална победа остварија и кошаркарите на Академија ФМП на гостувањето кај Гостивар (93:91). Петта по ред победа реализираа кадетите на Струмица. И се чини највредната затоа што го добија градското дерби против екипата на МВП Струмица.
Славеа со минимални (58:57), против лидерската екипа на табелата во Втората лига, и се приближија на чекор до втората позиција на која се кошаркарите на Еуро Никел 2005.
Кавадарчани непријатно изненадија на гостувањето во Чаир каде загубија од екипата на Шкупи (66:80), па сега имаат само една победа плус во однос на Струмица. Вардар сеуште е во битка за позициите во топ-4 делот, ние сме петти, но имаме меч помалку одиграно од ривалот кој е пред нас.
Во третиот меч од ова 5.коло, Пелистер беше убедлив во дуелот со вториот тим на Партизан Водно Санс (85:41), а одложен беше дуелот во Кочани помеѓу екипите на Дино Баскет и Борец Баскет.
М-16 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР 1. КОЛО
Работнички – Партизан Водно Санс 81:91
2.КОЛО-ОРОЛОЏО
Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 81:64
Гостивар – Академија ФМП 91:93
Партизан Водно Санс – Феникс 2010 75:64
Работнички – Вардар одл.
ТАБЕЛА: Партизан ВС 29, Куманово 2009 27, Работнички 25 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 25, Вардар 24 (-1), Академија ФМП 22, Феникс 2010 20, Гостивар 16
ИДНО КОЛО
- Вардар – Куманово
– Академија ФМП – Работнички
-Феникс 2010 – Гостивар
– МЗТ Скопје Аеродром – Партизан Водно Санс