Тоа беа времиња… пред точно шест години на овој датум, екипата на ЖРК Вардар предводена од Индира Кастратовиќ успеа да обезбеди историски пласман на завршниот турнир во Лигата на Шампионите. На натпревар кој се одигра во С.Ц. Борис Трајковски, вардарки успеаа да го победат тимот на Савехоф, во одлучувачки меч за пласман на Ф4 турнирот. На тој дуел свое блескаво издание на голот имаше Ина Суслина, која беше креатор на триумфот со 19 успешни интервенции.
Таа 2013/14 сезона Вардар го освои третото место совладувајќи ја екипата на Митјиланд, додека во полуфиналето дури по продолженија бевме поразени од екипата на Будуќност.