Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Гуџуфи, Стојановски и Омерагиќ на врвот на листата на најдобри стрелци, во своите категории
Гуџуфи, Стојановски и Омерагиќ на врвот на листата на најдобри стрелци, во своите категории

Гуџуфи, Стојановски и Омерагиќ на врвот на листата на најдобри стрелци, во своите категории

Се одиграа две пролетни кола во младинските фудбалски лиги, а тројца вардарови играчи се наоѓаат на врвот на листата на најдобри стрелци во своите категории. Се работи за Бесар Гуџуфи , Георг Стојановски и Азер Омерагиќ.

Напаѓачот на пом.пионери, Бесар Гуџуфи е втор најдобар стрелец во помладата пионерска супер лига. Гуџуфи со 23 постигнати голови е втор најефикасен играч, додека првото место му припаѓа на Ерион Шуку од екипата на Шкупи кој има 24 голови. На третото место е Кадрију Атдхе ( Шкендија) со 20 постигнати голови, додека Димитар Трајков од Академија Пандев  е на 4.позиција со 18 голови. ТОП-5 листата ја заокружува Левент Ибраим од редовите на Вардар кој има 12 голови.

Герг Стојановски е на делба на првото место на листата на најдобри стрелци во пионерската супер лига. Нашиот голгетер заедно со Беким Алимоски од екипата на Победа, го делат првото место со вкупно 20 постигнати голови.Гео го пропушти минатото коло против Македонија Ѓ.П, заради жолти картони, па не беше во можност да постигне гол, со кој сигурно ќе беше лидер. Мартин Талаков од Академија Пандев е на 3.место со 16 погодоци, додека Дашмир Елези од Шкендија има 13 голови. Петтото место го делат Али Али ( Шкендија) и Антонио Мирков од Вардар,  кои имаат по 9 постигнати голови.

Вардар го има најдобриот стрелец во кадетската супер лига, а тоа е Азер Омерагиќ кој повремено добива повик и за настап во првиот тим. Азер има 14 голови и се наоѓа на првата позиција, додека втор е Фитон Адеми од Шкендија со 12 погодоци.  Бајрами и Селими ( Шкендија), Костески и Станковски ( Работнички), имаат по 8 голови.