Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гранитна е оваа одбрана на Вардар, само 14 примени погодоци!!!
Гранитна е оваа одбрана на Вардар, само 14 примени погодоци!!!

Гранитна е оваа одбрана на Вардар, само 14 примени погодоци!!!

Лидерот на првенствената табела, тимот на Вардар може да се пофали дека оваа сезона има вистинска гранитна одбрана и дека тешко кои тим може да ја пробие.

На досега одиграните 23 првенствени дуели, Гачевски и одбраната на Вардар капитулираа” само на 14 наврати што ги прави убедливо најдобар тим во овој статистички податок.

Само за споредба, Академија Пандев е вториот тим со најдобра одбрана, која има примено 20 погодоци исто толку и Шкендија.

Вардарци и минатата сезона ја имаа најдобрата одбрана со тогаш 23 примени погодоци на 36 одиграни натпревари.

Останува да видиме дали Гачевски, Новак, Тошевски, Најдовски, Младеновски и останатите ќе можат оваа сезона уште подобро, односно да го урнат минатогодишните бројки.