Поради новонастанатата ситуација со корона вирусот, одложени се сите натпревари во ракометната Лига на Шампиони до 12.април.
Во договор со клубовите, од ЕХФ решија сите мечеви од осмина-финалето да бидат прекинати, за во наредниов период. Поради ширењето на корона вирусот, во сите земји се стопира играњето на ракомет, па не е познато кога истото ќе продолжи. Тренерот на Европскиот Шампион, Алушовски, изјави дека во наредните 4-5 дена ќе нема тренинзи, па понатаму ќе се одлучи како ќе продолжат. Денешниот реванш натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Нексе е исто така одложен.
Под вакви околности е доведено и во прашање одигрување на завршниот турнир во Келн, кој сигурно дека ќе добие поместување од вообичаените датуми на одигрување.