Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > М16: Момците во дербито подобри од КК Работнички, дамите денес гостуваат во Струмица
М16: Момците во дербито подобри од КК Работнички, дамите денес гостуваат во Струмица

М16: Момците во дербито подобри од КК Работнички, дамите денес гостуваат во Струмица

Двете селекции до 16 години на кошаркарскиот клуб Вардар, вчера и денес имаат натпревари од своите лиги. Момците вчера беа домаќини, дамите денес гостуваат во ова коло.

Избраниците на Љупчо Илчевски, КК Вардар М16  (генерација родени до 2004 година) вчера во малата сала при Срц “Кале“ ја пречекаа екипата на КК Работнички. Во дерби дуелот на двата скопски ривали ние дојдовме до значајна победа со три поена предност. Црвено-црните надежи победија со резултат 73-70 на оваа средба.

Избраничките на Славица Наков, девојките од ЖКК Вардар М16 денес гостуваат во Струмица. Со почеток  во 14:30 часот ние ќе одиграме меч во салата “Парк“ против тимот на МВП Баскет Академија.